Здрави мафини со сливи, маџун и брашно од хељда

Искрено, овие мафини не се за секој и можеби нема да им се допаднат на оние што сакаат послатки „благи“, ама и за тоа има решение - можат да ги комбинираат со сладолед

0
433

Состојки:

4 јајца

150 мл маџун

150 г стопен путер

200 мл јогурт

200 г брашно од хељда

150 г пченкарно брашно

1 ванилин шеќер

10-15 сливи

малку оревчиња

1 лажичка сода

1/2 лажичка прашок за пециво

Приготвување:

Калапите за мафини премачкајте ги со путер и исечкајте внатре по 1-2 сливи, зависно од големината, ставете малку ванилин шеќер и сечкани оревчиња.

Скршете ги јајцата во еден сад и изматете ги со миксер. Додадете го маџунот и јогуртот, а потоа и брашната, прашокот за пециво и содата. Смесата истурете ја врз сливите во калапите за мафини и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

На крајот, ако сакате, ставете шеќер во прав.