Здрави колачиња за „пет минути“

Овие бомбици од моркови се вкусни и здрави, а најдобро е тоа што се прават многу брзо.

0
819

Состојки:

Еден голем морков, излупен, измиен, изрендан

Шест урми

Четвртина шолја (40 грама) сушен ананас, ситно исечкан

Шолја (90 грама) овесни снегулки, ситно мелени

Супена лажица сечкани бадеми

Пола лажичка мелен цимет

Четвртина лажичка мускатно оревче

Пола шолја (40 грама) мелен кокос (ако не сакате кокос, можете и со какао)

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете компактна смеса.

Правете бомбици за „едно залче“, извалкајте ги во кокос или во какао и оставете ги барем еден час да се стегнат. Во добро затворен сад, бомбиците можете да ги чувате до една недела.