Состојки:
1 шолја сурови бадеми
1-1,5 шолја брашно од хељда
20-25 свежи урми
½ шолја кокосово или маслиново масло
2 лажички мелен ѓумбир
2 лажички мелен цимет
1 лажичка мелени каранфилчиња
½ лажичка сода бикарбона
Приготвување:
- Во блендер или со рачен миксер смешајте ги урмите без семки, маслото и зачините.
- Смелете ги бадемите, па помешајте ги со брашното од хељда и со содата. Споите ја оваа мешавина со смесата од урми и зачини и замесете тесто. Ако имате време оставете го да отстои два часа во фрижидер.
- Загрејте ја рерната на 150°C. Развлечете го тестото со сукало и колку го направите потенко толку ќе излезат покрцкави. Со модли вадете ги саканите фигури и ставете ги да се печат во тепсија со хартија за печење.
- Печете околу 10-20 минути во зависност од дебелината на кексите. Можете да ги украсите со суви брусници.