Состојки:
4 средни тиквички
1/3 шолја пармезан
1 лажичка лук во прав
1 лажичка црн пипер
½ лажичка црвен пипер
½ лажичка сол
1 големо јајце
1/3 шолја рендано чедар сирење
½ шолја моцарела
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Изрендајте ги тиквичките во подлабок сад и во нив додадете ги сите состојки освен чедарот и моцарелата.
Убаво промешајте и ставете ја смесата во крпа за да ја исцедите течноста. Потоа распоредете ја смесата врз хартија за печење и распоредете насекаде подеднакво.
Печете околу половина час. Извадете ја смесата од рерна, ставете ги врз неа чедарот и моцарелата и вратете да се допече. Потоа исечете на ленти и послужете со сос.