Здравата исхрана е еден од најефективните начини за заштита на нашето здравје. Но исто така од голема важност е начинот на кој се приготвува и консумира храната. Овие совети ќе ве научат како правилно да консумирате некои од најздравите продукти.
1. Моркови
Како што сме слушнале од постарите, морковите се здрави, без разлика дали ги јадеме свежи или зготвени во супа. Но следниот пат кога ќе решите да правите супа или друг оброк со моркови нека останат цели, не ги сечете на парчиња. Досегашните студии имаат покажано дека со сечењето на кругови се губат некои од најздравите состојки и хранливи материи.
2. Лук
Можеби не сте знаеле, но лукот е подобро да се толчи отколку да се сечка. Причината е што на тој начин по 10 минути, откако малку ќе отстои, се ослободува алицин, ензим што е многу корисен за заштита на кардиоваскуларниот систем.
3. Зрели јаболка и круши
Следниот пат кога ќе ги купите овие два вида овошје оставете ги да созреат докрај. Кога овошките се зрели во нив се создаваат уште повеќе антиоксиданти, што е многу важно за здравјето на организмот.
4. Брокула
Без никакво сомнение, брокулата е еден од најдобрите продукти со кој можете да го зајакнете имунитетот. Истражувањата покажале дека брокулата е многу ефективна во превенција на одредени видови, рак како рак на градите или рак на кожата.
Нутриционистите утврдиле дека готвењето на пареа е најисправен начин за приготвување брокула, додека пржењето се покажало како најлош. Најновата студија покажа дека зачинетата брокула има подобро дејство во превенцијата против ракот.
5. Компир
Компирот може да се приготви на најразлични начини, но истовремено е вкусен и во комбинација со други продукти. Можеби сте навикнале на црвен или бел компир, но најдобар е оној што добива виолетова боја. Едно истражување покажало дека виолетовиот компир позитивно влијае на намалувањето на крвниот притисок, како и на нивото на шеќер во крвта.
Освен ова, треба да внимавате на каков начин и што внесувате во вашиот организам. Ако ве фати криза за благо, наместо по слатки посегнете по овие здрави опции:
Домати
Доматите се делотворни против желбата за шеќер затоа што содржат материи во себе, кои телото ги претвора во серотонин. Доматите се богати со хром, минерал што ја намалува потребата за храна и го регулира холестеролот и разните глукози во крвта.
Јаболко
Лесно е да го понесете со себе и не е потребно да го лупите ниту да го сечете како другите овошја. Дури и киселите сорти јаболка содржат многу јаглехидрати. Ова овошје е богато со прехранбени влакна, дава чувство на заситеност и го намалува гладот.
Блага пченка
Уште една здрава храна што може да ви помогне во одвикнувањето од слатките. Изобилува со антиоксиданси, витамини, минерали и прехранбени влакна. Освен желбата за јадење благо, го намалува и гладот.
Сладок компир
Покрај тоа што ја намалува желбата за благо го храни организмот со Ц, Д, Б6 и железо. Хранливите материи во слаткиот компир може да спречат болести на срцето и дејствуваат како превентива од рак.
Цимет
Циметот е фантастичен зачин што има неодолив вкус и мирис, па можете да го додадете во многу јадења. Овој зачин ги спречува наглите осцилации во нивото на гликоза, која предизвикува потреба за шеќер.