Состојки:
300 г мелени овесни снегулки
200 мл млеко
2-3 лажици стопен путер или кокосово масло и уште путер за да ставите помеѓу овошјето
по желба суво грозје, суви брусници
2 лажици мед или 50 г кафеав шеќер
5-6 јаболки и круши (заедно или по ваш избор, едното или другото овошје)
1 ванилин шеќер и по желба 1 лажичка екстракт од ванила
Цимет (по желба)
Приготвување:
Излупете го овошјето и исечкајте го на потенки кришки и ставете ги на дното од тепсијата во која претходно ќе ставите хартија за печење.
Другите состојки измешајте ги со рачна маталка и истурете ја смесата врз овошјето и ставете да се пече на 180 степени околу 20-30 минути, зависно од тоа дали сакате да биде попечено.
Инаку, не може да е недопечено затоа што сите состојки во колачот можат да се јадат и без термичка обработка.
Кога ќе се олади, превртете го колачот и послужете.