Состојки:
100 г хељдино брашно
100 г бело брашно
100 мл млеко од ориз или некое друго растително млеко
2 лажици мелен лен
6 лажици вода
80 г шеќер
100 мл кокосово масло
50 г кокос
2 јаболки и 1 круша (или обратно, а може и некое друго овошје по ваш вкус, на пример, јагоди, вишни, малини)
2 лажички прашок за пециво
2 лажици сок од лимон
Приготвување:
Во 6 лажици вода ставете 2 лажици мелен лен и оставете го 10-15 минути да ја впие водата.
Потоа додадете го шеќерот и брзо матете, па додавајте ги останатите состојки со исклучок на овошјето кое треба да се излупи, да се исечка и да се попрска со сокот од лимон.
Земете тркалезен калап за печење и обложете го со хартија за печење. Со лажица земете дел од тестото и размачкајте по дното на тавчето, врз хартијата, а одозгора истурете го овошјето па врз него остатокот од смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени 45 минути.