Запознајте се со една од најздравите житарки

Храната подготвена со булгур е особено популарна кај вегетаријанците, а поради високата нутритивна вредност треба да се најде и во секојдневното мени на сите оние кои сакаат да бидат здрави.

0
1415

Историјата за булгурот е многу долга, а процесот на добивање на булгур е стар повеќе од 4 ијади години и потекнува од земјите околу Медитеранот. Денеска најчесто се користи во турската, грчката и арапската национална кујна, но и во Европа, а особено во Индија. За жал, кај нас се уште не е многу популарен.
Булгурот се користи пред се поради неговиот вкус, односно поради лесната и брзата употреба како и поради комбинациите кои можат да се направат со него. Но, тоа секако не е главната причина.

Булгурот важи за една од најздравите житарки и има многу витамини и минерали, како на пример, калциум, железо, магнезиум, цинк, тиамин, ниацин, рибофлавин, пантонска киселина, витамин B6. Поради ова им се препорачува на сите оние кои имаат брзо темпо на живеење, но и на децата, спортистите и постарите луѓе.
Консумирањето на булгурот придонесува за смалување на вкупниот холестерол, ЛДЛ холестерол, триглицеридите и нивото на инсулин со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Се препорачува на жени во менопауза, го подобрува варењето, а особено е полезен за оние кои внимаваат на линијата. Секојдневното козумирање булгур во различни јадења, освен што ќе го чува вашето здравје и ќе ви помогне да имате рамен стомак.
Булгурот има одличен вкус и лесно се приготвува. Најдобро е да го следите упатството на кесичката бидејќи има повеќе типови на булгур кои можат да се купат кај нас. Во суштина се приготвува на ист начин -откако ќе се потопи во вода се остава додека зрното добро не омекне. Со него можете да направите вкусни јадења, како пилав, а може да биде и одлична замена за кус-кус. Се користи за супи, сосови, салати, а одлично оди во комбинација со месо, морски плодови, па дури и овошје.