„Фестивалот на храна подготвена од бели бубрези претставува откривање рецепти од заборавени древни јадења, кои некогаш се подготвувале на овие простори. Малкумина знаат, на пример, дека Марко Крале јадел специјалитети богати со протеини кои се идеален афродизијак. Поентата е да собереме што повеќе древни традиционални рецепти, да ги оживееме, но и да се забавуваме“, велат од „Кмат бар“ во Кочани, кадешто се одржува гурманската манифестација. Оваа манифестација се организира по идеја на „Мудијада“ во Србија, фестивал што таму се организира веќе неколку години по ред.
На менито се свински, телешки, јагнешки и тестиси од бик по разни рецепти, а цената е симболична.
Минатата година „Мудијада” беше одржана во ресторанот „Ореов лад“, во организација на здружението КИНГМАРКОЛЕНД, кое ја негува традицијата од времето на Крале Марко.