Мексикански пекари испекле стотици лебови за жртвите од ураганот Харви

Четворица пекари потрошиле речиси 2.000 килограми брашно и испекле стотици лебови за жртвите од поплавите додека биле заробени од водата во својата пекарница.

0
308

Четири пекари кои за време на ураганот Харви останале два дена заглавени во својата пекарница, направиле стотици лебови за да им ги дадат на жртвите од поплавите.

Работниците од пекарницата Ел Болиљо во Хјустон, Тексас, потрошиле речиси 2.000 килограми брашно за печење леб и пан-дулче (мексикански сладок леб), во текот на ноќта и еден ден откако се нашле заробени од поплавите во текот на викендот.

Четирите пекари работеле во ноќна смена кога сфатиле дека не можат да ја напуштат продавницата поради нивото на вода на улиците.

За да побегнат од грижите за семејството и пријателите, тие одлучиле да продолжат да печат за оние што се погодени од катастрофалните дождови.

Мексиканската пекара, која е специјализирана за мексикански колачи, останала сува и не била отсечена од електрична енергија, па пекарите можеле да работат во текот на ноќта и следниот ден. Кога сопственикот на пекарата успеал да стигне до нив, тие имале направено стотици лебови кои биле поделени во центрите за вонредни ситуации низ градот за луѓето погодени од поплавите.