Името го добила бидејќи станува збор за строг и дисциплиниран начин на исхрана, а содржи намирници кои некогаш можат да се најдат во воените пакети со храна за војската, како што се крекери или конзервирана туна. Сепак, ниту една војска официјално не го поддржува ваквиот начон на исхрана, а не е познато ниту кој е нејзин автор.
Губењето на килограмите е можно зашто секој ден се внесуваат до 1000 калории, што е многу помалку од просекот кој би требало да се консумира дури и ако сте на диета.
Секако, ваква диета не е добра за никого, но ако ви е баш итно пред одмор и доколку немате здравствени проблеми, можете да ја испробате.
Ваквиот начин на исхрана не им се препорачува на лицата со лоша здравствена состојба зашто може да доведе до општа слабост, главоболка, пад на притисокот, хипогликемија, реакциите се индивидуални. И никако не е препорачлива за жените кои имаат проблеми со штитната жлезда.
Диетата се спроведува само три дена во неделата, а потоа треба да се направи пауза од четири дена кога се препорачува да се внесуваат околу 1500 калории на ден, па дури потоа, доколку сакате уште да ослабнете, можете пак да ја повторите воената диета.
Таков начин на исхрана не се препорачува на подолг временски период, а смислен е за да ослабнете во „итни“ случаи – кога треба да се пикнете во саканиот фустан за некој важен настан или за на одмор.
Пример за тридневно мени:
Прв ден
Појадок
½ грејпфурт
1 кришка тост
2 лажици путер од кикирики
1 шолја кафе или чај
Ручек
115 грама туна
1 кришка тост
1 шолја кафе или чај
Вечера
85 г варено месо по ваша желба
150 г варена боранија или грашок
½ банана
1 помало јаболко
1 топче сладолед од ванила
Втор ден
Појадок
1 јајце
1 кришка тост
½ банана
Ручек
200 г свежо сирење
1 тврдо варено јајце
5 мали крекери
Вечера
85 г варено пилешко бело месо
175 г варена брокула
25 г морков
½ банана
Трет ден
Појадок
5 крекери
1 парче кашкавал (на пр.гауда)
1 помало јаболко
Ручек
1 тврдо варено јајце
1 кришка тост
Вечера
230 г туна
½ банана
1 топче сладолед од ванила
Секој ден треба да се пијат по две литри обична вода, а кафе и чај се дозволени само ако се консумираат без шеќер, млеко или алтернативни засладувачи. Забрането е пиење алкохол за време на држењето на воената диета. Се препорачува секој ден пешачење барем по половина час.
Оваа диета е брза и го шокира организмот. Со неа за кратко време можат да се изгубат килограмите, но веројатно и брзо ќе се вратат. Затоа, ако сакате трајно да го изгубите вишокот на килограми, треба да почнете да се придржувате кон здравите животни навики.
Фото: Pixabey