Во сабота почнува првиот фестивал на улична храна „Вкусот на Скопје“

Викендов започнува долгоочекуваниот фестивал на улична храна „Вкусот на Скопје“, во организација на Моментум Инк. Фестивалот ќе не однесе во една поинаква реалност – далеку позабавна и повкусна од нашето секојдневје!

0
148

Официјалниот почеток на фестивалот на улична храна е закажан за сабота, од 11 часот, а ќе го отвори тимот на „Вкусни Приказни“. Веќе на пладне ќе ги проследиме Nu House& Friends со нивната интерактивна вкусна работилница. Во текот на денот преку пикник ќе ја проследиме магијата на готвачот Cooking with Branko, а веднаш потоа Bonita Vita ќе ни ги презентираат нивните вкусни органски намази!

Убавите нешта, уникатноста и возбудата се она што фестивалот го слави, па така ќе имаме можност да погледнеме како се креираат уникатните букети што се јадат на Букет среќа, ќе чуеме долго чувани тајни и ќе научиме корисни совети, а ќе отвориме нови перспективи преку презентацијата на „Готвиме со Теа“ која ќе креира Цезар салата на еден поинаков начин!

Од 18 часот паркот ќе го претвориме во подиум – ќе танцуваме и ќе се забавуваме со нашиот DJ Boogieman.
Ни неделата нема да е помалку возбудлива: Zaum Organic ќе ги донесат своите органски путери од лешник, а веднаш после нив следни вистинска слатка бомба од вкусови – Donutbar Skopje ќе не внесат во нивната кујна и ќе не научат како да
направиме највкусни крофни! Неделното попладне ќе биде збогатено со уникатните вкусови на брендот Леска на Пеце Клечкаровски, по чиј настап ќе следи и кратка
дегустација. Слоу Фуд Водно ќе ни презентираат гастрономска култура инспирирана од традицијата, Тазе пуканки ќе создадат филмска атмосфера со нивните пуканки, а
на крајот Нутриционист Консалтинг ќе не подучат на тема исхрана со својата презентација „Македонската кујна некогаш и сега“.
Запознајте се со учесниците на фестивалот на официјалната Фејсбук страна и секако, следете го официјалниот настан за дополнителни информации и изненадувања.
Се гледаме овој викенд… а дотогаш, останете гладни!, велат организаторите.

Фото: Pexels