Дали ја знаете брзата диета на доктор Мајкл Моусли?

Популарната диета 5:2 се состои во дводневно „гладување“ при што лицето кое е на оваа диета смее да консумира само 800 калории дневно, а потоа, следните пет дена во неделата може да јаде што сака. Добра е за дијабетичарите, но ги намалува и ризиците од други опасни болести

0
771

Рецептите кои д-р Моусли ги опишува во своите книги се темелат на принципите на медитеранската кујна која вклучува многу ореви, риба, маслиново масло и зеленчук што е одлично за срцето и за витка половина. Медитеранската исхрана е исто така еден од најдобрите начини за борба против депресија и анксиозност.

Д-р Мајкл Моусли е автор на хит диетата која со повремен и контролиран пост придонесува за здравјето и за значително губење на килограмите. Популарната диета 5:2 се состои во дводневно „гладување“ при што лицето кое е на оваа диета смее да консумира само 800 калории дневно, а потоа, следните пет дена во неделата може да јаде што сака.

Иако стручњаците предупредуваат дека ваквиот режим на исхрана може сериозно да го загрози здравјето со оглед на тоа што со ваквата исхрана организмот се лишува од хранливи материи, доктор Моусли тврди дека со менито кое го осмислил нема причина за загриженост. Напротив, Мајкл вели дека овој начин на исхрана му помогнал не само да ги стопи випокот килограми, туку и да го излекува дијабетесот кој му бил откриен пред седум години.

„Наместо да  почнам да земам инсулин и други традиционални лекови за дијабетес, одлучив да се фатам во костец со тој проблем експериментирајќи со исхраната. Со опсежно истражување и со читање стручна литература на темата исхрана открив дека намалувањето на внесот на калории за само два дена, може да има позитивни ефекти на моето здравје. За само два месеци од практикувањето на диетата 5:2 успеав да симнам речиси 10 килограми, а нивото на шеќер толку ми падна што ниту по медицинските стадарди не се сметам повеќе за дијабетичар“, вели Моусли кои ги опишал деталите на својата диета во серија книги кои станале светски бестселери.

Во годините што следуваат, доктор Моусли ќе сведочи како неговата диета ги менува животите на огромен број на луѓе ширум светот кои се мачеле со вишокот килограми. Како што вели, со неговата „брза диета“, дијабетесот повеќе не мора да биде доживотна казна, а луѓето кои боледуваат од него не мораат да зависат исклучиво од таблети.

Освен тоа, интермитентниот пост според зборовите на стручњаците би можел да има голема улога во намалувањето на ризиците од заболувања од рак, срцеви болести, депресија па дури и деменција.

Иако овие истражувања се сѐ уште во рана фаза, мислам дека постои голем потенцијал. Минатите години разговарав со илјадници луѓе кои се големи фанови на мојата диета, а некои од нив се денеска бивши дијабетичари.

Меѓутоа, во морето позитивни коментари многу често ја слушам истата забелешка на сметка на „брзата диета“ и тие секогаш доаѓаат од лицата кои живеат сами и готват само за еден. Затоа во новата книга „Fast 800“ наведов посебни рецепти дизајнирани за оваа група луѓе“, наведува д-р Моусли.

Планот на оваа диета е едноставен: лицето два дена внесува само 800 калории дневно, преку избалансирана медитеранска исхрана, а останатите денови во неделата може да јаде што сака. За оние кои брзо сакаат да изгубат повеќе килограми, принципот е речиси ист – 800 калории секој ден, но во траење од од шест недели.

„Истражувањата покажале дека на овој начин за 3 месеци можат да се изгубат и до 12 килограми, а со мени богато со вкусна храна овој процес ќе претставува задоволство. Значи, секој рецепт е дизајниран за една порција“, објаснува докторот.

Повеќето луѓе кои се определиле за некои други „меинстрим“ диети не успеваат да ја задржат саканата килажа. Од друга страна, истражувањата покажале дека со диетата 5:2 килограмите не се враќаат.

Една неодамнешна австралиска студија покажала дека со овој начин на исхрана многу брзо се губат и до 6 килограми кои нема да се вратат ниту после една година.

Денеска во светот има повеќе од 420 милиони луѓе со дијабетес, а тој број постојано расте. Минатогодишното истражување спроведено над 298 дијабетичари покажало дека внесувањето на 800 калории дневно во период од пет месеци може да го запре напредувањето на дијабетесот.

Научниците од Универзитетот во Глазгов и Њукасл забележале дека испитаниците губеле во просек околу 10 кг, а во многу случаи нивото на шеќер во крвта кај овие пациенти е вратено во нормала. Некои истражувања покажале и дека интермитентниот пост го чува здравјето на мозокот.

Американскиот неуронаучник Марк Матисон кој со децении ги проучувал ефектите од „повременото гладување“ на мозокот, открил дека ваквиот режим на исхрана го стимулира производството на BDNF протеини кои го стимулираат создавањето нови мозочни клетки и нивните врски, подобрувајќи ја когнитивната функција и меморија.

Рецептите кои Моусли ги опишува во своите книги се базираат на принципите на медитеранската исхрана која вклучува многу ореви, риба, маслиново масло и зеленчук што е одлично за срцето и за витката половина. „Медитеранската исхрана е исто така еден од најдобрите наини на борба против депресија и анксиозност. Од друга страна, диета богата со брза и преработена храна придонесува за забрзан развој на депресија кај луѓето. Овие истражувања не докажуваат дека храната спречува или предизвикува ментални болести, но врската помеѓу тие фактори дефинитивно постои“, тврди докторот.

Знаеме дека видшокот килограми го зголемуваат и ризикот од рак на дојките и цревата, а вишокот масно ткиво на стомакот испраќа хормонални сигнали до остатокот од телото. Клетките тогаш се делат почесто што го забрзува растот на туморите. Истражувањата на средовечни жени со зголемен ризик ид рак на дојка не само што покажале дека диетата 5:2 е поефикасен начин за губење на салото од другите конвенционални диети, туку и дека с оваа диета се снижува нвото на инсулин кој може да придонесе за развој на рак.

Исто така, знаеме дека луѓето кои јадат големи количини преработено црвено месо како шунка, салами и колбаси, а внесуваат мала количина јагленохидрати, целовити зрна, како и овошје и зеленчук, имаат многу поголеми шанси да заболат од рак на дебело црево.

Медитеранската диета која речиси и да не содржи преработено месо и е богата со зеленчук кој изобилува со влана, е позната и по тоа што го намалува ризикот од развој на опасни болести како ракот.

Фото: Pixabey