Во ресторан „Пајтон“ гостите се менуваат, спомените остануваат

0
2662

На кејот на Вардар, во мирниот дел на скопската населба Аеродром е сместен ресторанот „Пајтон“, каде граѓаните можат да поминат убави и пријатни мигови прославувајќи ги своите мали и големи успеси и радости, но и да поминат на претпладневна чорба или пак на ручек со деловните партнери.

Во реновирана атмосфера, во елегантен стил, ресторанот во секое време може да прими околу 270 гости. Капацитетот внатре се полни со 120 гости, а надвор со уште 150. Двете тераси со поглед кон реката пружаат неповторливи моменти на престој, особено во пролетниот период, како и во летото кога сенките и отворениот простор се главна причина што ги привлекува потенцијалните гости. Добра причина плус да навратите во „Пајтон“ е што можете вашето возило бесплатно и блиску да го паркирате.

А додека возрасните уживаат во долгоочекуваните средби и недовршените разговори со пријателите, децата можат да си играат во малата градина збогатена со детски реквизити.

Умешноста и малите трикови на главниот готвач, кој веќе неколку години е дел од екипата која раководи со ресторанот, ќе се погрижат да ја светнете чинијата и веднаш да го испланирате вашето следно доаѓање.

На менито се главно традиционални јадења, односно она што најмногу се бара од гостите. Сите видови скара, печење, чорби, вклучително и чкембе чорба, а специјалитет на куќата е плетенката „Пајтон“ направена од свинско каре и исплетена со чадена сланина.

 

Ресторанот засега не прави кетеринг, но соработува со порталот Кликнијади.мк, преку кој дистрибуира храна по онлајн нарачки, и е отворен за помали или поголеми прослави како што се крштевки, мекици, родендени, деловни прослави, младенци, матурски, свадби…

Доколку само сакате да се опуштите од напорната недела во друштво на вашите најблиски пријатели, секој четврток, петок и сабота во „Пајтон“ ќе ве забавува пејачката Милица Кузмановска со нејзиниот богат репертоар.

Накусо, квалитетна храна со ниски цени и добра услуга – тоа ќе го добиете во ресторанот „Пајтон“, чии сопственици, веќе се закитиле со две титули за квалитет на храна, услуга и опремен ресторан, во 2013 и во 2014 година кога раководеле со ресторанот „Галерија“ во Дебар Маало.

Доколку сте љубител на традиционална храна и ве очекува семејна прослава или едноставно сакате да го поминете викендот без готвење дома, повелете во „Пајтон“. Вашите резервации ќе ги примат на телефоните 2451-135 и 070 385-271, како и на страницата на Фејсбук, Пајтон ресторан нас. Аеродром.

Иако зад името „Пајтон“ не се крие некоја интересна приказна, сепак ресторанот со својата богата и евтина понуда ќе продолжи да се тркала во сеќавањата на гостите како место каде ги прославиле своите животни радости и исполнети соништа.

(промотивен текст)