Во коцките за мраз, замрзнете вино, супа, бебешки кашички, зачински билки

Садовите за мраз се идеални и за замрзнување на остатоци од разни сосови и супи, затоа што подоцна можете лесно да одредите колку коцки ви се потребни, зависно од количината која ви е потребна. Две коцки содржат околу пола децилитар.

0
194

Кога последен пат сте ги користеле садовите за мраз? Време е повторно да ги откриете, но овојпат за друга намена.

Еве неколку идеи што сѐ  можете да замрзнете во нив.

Храна за бебиња. Ако спаѓате меѓу оние родители кои сакаат да го хранат своето бебе само со домашна храна која сами ја приготвувате, одличен начин е таквите кашички да го замрзнете за подоцнежна употреба токму во овие садови за мраз.

Направете кашичка и наполнете ги коцките од садовите за мраз. Така замрзнатите кашички можете да ги одмрзнувате по потреба, а дури и количината можете полесно да ја одредите благодарение на коцките (според некои препораки, за дете од 4 до 6 месеци потребни се 2 коцкички храна, за дете од 6 до 9 месеци – 4 коцкички и за дете од 9 до 12 месеци – 6 коцкички).

Зачински билки. Кога имате свежи билки, кои не траат многу долго, па ви се случува  често да сте принудени да го фрлате овенатиот магдонос или босилек, можете да ги измиете, убаво да ги исечкате и да ги замрзнете во истите овие коцки за мраз. Кога подоцна ќе ви требаат зачини, едноставно одмрзнете ја количината која ви е потребна.

Белки. Доколку за некој рецепт ви требаат само жолчки, а немате во тој момент идеја за што да ги искористите белките, замрзнете ги. Секоја белка ставете ја во посебна коцка од садот за мраз, а подоцна кога ќе ви затребаат, едноставно одмрзнете толку коцки колку што ви требаат белки.

Остатоци од сос и супа. Садовите за мраз се идеални и за замрзнување на остатоците од разни сосови и супи, затоа што подоцна можете лесно да одредите колку коцки треба да одмрзнете, зависно од количината што ви е потребна. Во една коцка за мраз можете да ставите отприлика 0,25-0,30 дцл течност, односно, две коцкички содржат отприлика пола пола децилитар. За полесно користење коцките можете да ги замрзнете и потоа да ги префрлите во кесички за мраз за да заземаат помалку простор.

Замрзнати коцки вино. Колку пати ви се случило да отворите шише вино, а потоа да ви остане. Штета е да се отвара ново шише квалитетно вино само за да употребите 1 чаша за некој рецепт. Затоа, ако ви остане некогаш малку вино, замрзнете го како што обично правите, па кога ќе ви затреба додавајте од замрзнатите коцки вино во рижото, паста, риба, сосови, маринади.

Фото: rawpixel on Unsplash