Во кој дел од денот треба да се јадат компири, банани, ориз,…

Освен правилото, јаболка да се јадат само наутро, нутриционистите советуваат во кој дел од денот треба да се јадат и некои други намирници, бидејќи од тоа зависи дали ќе бидат добри или лоши за нашиот организам.

0
776

Многу е важно во кој дел од денот се јадат одредени намирници. На пример, јаболките е добро да се јадат исклучиво наутро, додека навечер треба да се избегнуваат затоа што од нив е засилено создавањето на желудочна киселина.

Банани

Најдобро е да се јадат околу пладне, затоа што така го јакнат имунитетот и ја чистат кожата. Не се препорачува да се јадат навечер, затоа што тогаш поттикнуваат засилено создавање слуз и можат да го попречат варењето.

Јаболки

Јаболките содржат пектин кој го снижува шеќерот во крвта и холестеролот – ако ги јадете наутро за појадок. Значи навечер е најдобро да ги избегнувате, затоа што пектинот е ноќе тежок за варење.

Компири

Компири треба да се јадат исклучиво преку ден, зашто се преполни со минерали и исто така го снижуваат холестеролот. Меѓутоа, бидејќи е многу калоричен, најдобро е да се избегнува навечер – бидејќи придонесува за дебелеење.

Млеко

Топлото млеко пред спиење делува смирувачки и помага за добар сон. Значи, шолја млеко е сепак најдобро да се пие пред спиење.

Јаткасти плодови

Ако се земаат околу пладне, го намалуваат крвниот притисок. Навечер не се препорачуваат – многу се калорични.

Портокали

Портокалите е дозволено, па дури и пожелно да се јадат преку ден. Тогаш му помагаат на варењето. Сокот од свеж портокал не се препорачува за време на појадок зашто го иритира желудникот.

Домати

Се препорачуваат за појадок. Тогаш го подобруваат варењето, додека навечер можат да предизвикаат надуеност.

Ориз

Околу пладне можете да си дозволите порција ориз без грижа на совест. Навечер брзо ќе ви се „фати“ на колковите.

Темно чоколадо

За појадок, на пример, со мусли, темното чоколадо е дозволено. Содржи антиоксиданси кои го забавуваат стареењето и штитат од срцеви болести. Ако не сакате да се здебелите, не го јадете како меѓуоброк, односно, внимавајте на количината.

Смокви и кајсии

Наутро го јакнат имунитетот и му помагаат на варењето, а навечер предизвикуваат надуеност.

Сирење

Тоа е уште една намирница која е најдобро да се јаде наутро, затоа што во помали количини го поттикнува слабеењето. Никако не се препорачува во вечерните часови. Тогаш е тешко за варење, може да дебелее и да ви предизвика проблеми со желудникот.

Фото: Pixabey