Во 12 скопски локали ќе се пијат 6 видови на коктели

Во текот на oктомври локалите низ Скопје го „вдомуваат“ омилениот настан на гостите - Skopje Cocktail Week. Совршено креирани коктели, наменети за сезоната што следи.

0
172

Во периодот од 17. до 24. октомври, по трет пат, се одржува Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак -компанија која 27 години е присутна на пазарот  како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Идејата е да им се даде поддршка на локалите во креирањето на нивната понуда според високи светски стандарди, а со тоа и да им се овозможи на гостите едно поинакво искуство.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која се одржа ден пред да почне Skopje Cocktail Week, ги информиравме и едуциравмесопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува. Станува збор за избор на коктели кои се соодветни за служење во зимскиот период.

Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се сѐ позаинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинакви во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера“, велат од Гемак.

Во рамките на настанот ќе бидат опфатени вкупно 12 локали во кои посетителите ќе можатда нарачаат и да вкусат 6 коктели. Настанот со своите две изданија досега, се изгради како бренд кој гостите го препознаваат по високиот квалитет на понудени коктели.

За  повеќе информации за програмата и мапата на локали кадешто се одржува Skopje Cocktail Week следете ја Фејсбук страната  https://www.facebook.com/skopjecocktailweek/