Повеќето од производите на саемот не се редовно достапни во главниот град, а станува збор за традиционална и органска храна, зачини, чаеви, регионални алкохолни пијалоци, природна козметика и облека. Саемот ќе се одвива од 11-ти до 13-ти ноември, а влезот ќе биде слободен за сите посетители.
Локалните акциони групи (ЛАГ-ови) се здруженија на граѓани сочинети од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од 2-4 соседни рурални општини. Здруженијата се основани како дел од воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот за локален економски развој во руралните средини. Во таа рамка, ЛАГ-овите го организира овој саем како можност за презентирање на квалитетни и иновативни производи од руралните средини пред поголема публика на потрошуваци, со крајна цел да го помогнат проширувањето на малите бизниси преку зголемување на побарувачката за нивните производи.