Вкусна јанија со печурки

0
524

Состојки:

400 г свежи шампињони

2 лажички сол

1 лажичка црвен пипер

0,3 дл зејтин

Црн пипер

2 ловорови листа

1/2 лажичка чили

Главица кромид

1,5 дл сок од домати

Приготвување:

  1. Кромидот исечете го на коцки, а шампињоните на крупни парчиња.
  2. На загреан зејтон пропржете го кромидот, додадете ги печурките и динстакте додека не омекнат (околу 10 минути). Зачинете по вкус со сол, црн и црвен пипер, чили, ловор и сок од домати па варете околу 10 минути со повремено мешање.
  3. Послужете со прилог од варен ориз.