Вкусете го светот во ресторан Four

Почнувајќи од март секој месец во овој ресторан ќе биде посветен на различна интернационална кујна.

0
359

Инспирирани од традиционалната храна од целиот свет, тимот од врвни кулинари предводен од Мастер Шеф Елефтерис Далагиоргос подготви посебно интернационално мени со автентични специјалитети подготвени на традиционален начин.

Патувањето повеќе не е од суштинско значење за сите оние кои сакаат да вкусат сè што светот може да понуди. Целосното уживање во симфонијата на вкусови од светските кујни, сега е многу поедноставно.

Почнувајќи од месец март секој месец во ресторан Four ќе биде посветен на различна интернационална кујна. Овој месец почуствувајте се дека сте во Тајланд, Шпанија, Јапонија, Франција, Италија, Грција или Србија, вкусувајќи ги нивните традиционални специјалитети подготвени директно од кујната на Four.

Уживајте во вкусот на „harusame salad“, „kritharoto“, „paella“ и сите останати специјалитети од интернационалното мени кое секој понеделник ќе биде со промотивен попуст од -40%.