Вкусен напиток за пролетно чистење на телото

Одличен избор да направите едно пролетно чистење и освежување на организмот е овој напиток од 5 лесно достапни состојки, кој ги намалува и проблемите со надуеноста и помага нашиот стомак да биде порамен.

0
446

Деновите се подолги, времето потопло, а желбата за јадење свежо овошје и зеленчук се зголемува. Сега е токму она време кога почнувате да обрнувате внимание и на вишокот килограми кои сте ги „заработиле“ зимава.

Одличен избор да направите едно пролетно чистење и освежување на организмот се и различни видови напитоци кои освен што освежуваат, помагаат да ослабнете, а добри се и за кожата, ги намалуваат проблемите со надуеноста, ги хранат клетките со хранливи материи и помагаат нашиот стомак да биде порамен.

Еден од тие напитоци е и овој што ви го предлагаме, особено поради последново. Познат е како „скротител на стомачето“.

Главна состојка на овој напиток е ананасот кој е полн со витамин Ц и делува како природен диуреток кој го ослободува телото од токсини.

За предностите на лимонот, втората состојка во напитокот, често сме пишувале, па доста е да повториме дека станува збор за цитрус кој е богат со минерали и витамини важни за здравјето.

И циметот и ѓумбирот се додатоци кои прават чуда за варењето.

Еве го и целосниот рецепт:

1 шолја ананас – свеж или од конзерва

Сок од 1/2 исцеден лимон

1 лажичка мелен ѓумбир

1 лажика цимет

2 шолји вода

Приготвување:

Исечканиот ананас заедно со другите состојки ставете ги во блендер, добро измешајте и уживајте во овој освежителен напиток и сите придобивки кои ги има за вашиот организам.

Фото: Pixabey