Правилната исхрана е исклучително важна за правилна работа на мозокот. Недостатокот на одредени нутриенти во исхраната не само што влијае на нашето здравје, туку и на правилното функционирање на мозокот. Недостатокот на одредени витамини води не само до снижени когнитивни способности на мозокот, туку и до намалување на енергијата, па дури и до депресија.
Затоа, ако сакате да ја подобрите концентрацијата, да ја зајакнете продуктивноста и способноста за учење, неопходно е да внимавате да внесувате доволно од следните витамини:
Витамин Е
Овој витамин има важна улога во мозокот и централниот нервен систем.
Невроните – клетки кои овозможуваат правилна комуникација помеѓу мозокот и остатокот од телото. Градбата на невроните ја сочинуваат холестеролот и полинезаситените масни киселини до чие оштетување најчесто доаѓа со оксидација.
Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој ја штити структурата на неуроните од оксидација. Бадемите, зелениот лиснат зеленчук, сончогледовото масло и лешниците имаат големи количини витамин Е.
Витамини Б комплекс
Меѓу важните соединенија за правилна работа на мозокот се и витамините Б. Комплексот од витамини Б подразбираат витамини Б1(тиамин), Б2 (ниацин), B5 (пантотенска киселина), Б6 (пиродоксин), Б7 (биотин), Б9 (фолна киселина) и Б12 (кобаламин) кои заедно играат витална улога во одржувањето на правилна работа на мозокот. Се смета дека губитокот на помнењето кај постарите луѓе е предизвикан токму поради недоволното внесување на витамини Б комплекс.
Б витамините му помагаат на мозокот да го оствари својот полн потенцијал – не прават енергични, позитивни и фокусирани на дневна база додека долгорочно ја подобруваат меморијата и здравјето на мозокот.
Витамин Д3
Витаминот Д3 е еден од најдобрите суплементи кои можете да ги земете доколку сакате да ја зголемите концентрацијата. Покрај тоа, овој витамин е заслужен и за правилно функционирање на нервите и на повеќе од стотина различни телесни процеси.
Најдобар извор на витамин Д3 се млекото и млечните производи како и животинското месо, поради што дефицит на витамин Д3 најчесто се јавува кај вегетаријанците и веганите.
Фото: Pixabey