Состојки:
300 г несолен путер
500 г сенаменско брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
300 г шеќер
6 јајца
1 лажица екстракт од ванила
300 мл млеко
15 капки прехранбена боја (виолетова) или ако сакате колач во друга боја, одберете ја таа боја и користете онолкава количина колку што силен интензитет сакате да постигнете
За кремот:
200 г несолен путер
400 г шеќер
1 лажичка кора од лимон
4-6 лажици сок од лимон
2 шолји свежи или замрзнати боровинки
Приготвување:
1. Вклучете ја рерната на 200 степени и подгответе ја тепсијата за печење (ставете хартија за печење)
2. Во голем сад измешајте ги сувите состојки.
3. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот, па додадете ги јајцата, екстрактот од ванила и прехранбената боја. Додадете го млекото, а потоа полека и смесата со брашно.
4. Ставете ја смесата во тепсија и печете 30-тина минути.
5. Извадете ја и оставете ја да се олади.
6. Кога ќе се олади исечете го колачот на помали парчиња за да добиете мини тортички.
7. Во меѓувреме подгответе го и кремот. Во сад измешајте ги шеќерот, путерот, сокот и кората од лимон додека не добиете кремава смеса.
8. Сечете ги мини тортичките на половина и ставајте од кремот. Најгоре украсете со свежи боровинки.
9. Нека бидат во фрижидер барем 1 час пред да ги послужите.