Викендов жителите на општина Гази Баба, не готвеа!

На манифестацијата со која на плоштадот „Коцка“ во Автокоманда беше одбележан роденденот на Гази Баба, готвеа шеф Игор Атанасов, шеф Бобан Симоновски и женската верзија на Гордон Ремзи, шеф Маре Јаневска

0
442

Во петокот, по повод официјалното отворање на новиот плоштад „Коцка“ во населбата Автокоманда, беше одбележан роденденот на општината Гази Баба со манифестацијата насловена како „Вкуси ја Гази Баба – вкус за сите генерации“.

Најинтересниот дел од манифестацијата, секако, беше подготовката на храна од страна на нашите врвни шефови Игор Атанасовски, Маре Јаневска и Бобан Симоновски. Жителите на Гази Баба со задоволство ги вкусија нивните специјалитети, а некои со нив си ги наполнија и чантите за дома.

Шеф Игор Атанасовски работи во ресторанот „Пулс“ во рамките на Клиниката „Жан Митрев“, шеф Бобан Симоновски – во ресторанот „Еквилибриум“, а нашата женска верзија на Гордон Ремзи (со фризурата, не само со умешноста), Маре Јаневска е шеф и менаџер во британската резиденција.

Токму нејзиниот мастер клас беше и најинтересен за посетителите кои имаа можност да вкусат неколку британски, но и индиски специјалитети, а оние на кои вкусот на лососот мариниран во цвекло им беше премногу егзотичен, чантите си ги наполнија со лиснатите пецива и со велшкиот колач.

Велат, храна имало доволно за цел викенд, па поголемиот дел од жителите викендов не ги вклучиле своите шпорети.

Фото: PS visualart