Велигденско слатко лепче

Ако сте од оние што сакаат да си играат со тесто, направете го сами годинешното ароматично, слатко Велигденско лепче со суво грозје. Бидете трпеливи, а тоа ќе биде совршено и вкусно

0
312

Состојки:

500 г брашно

40 г свеж квасец

100 мл млако млеко

4 жолчки

100 г мед

50 г шеќер

1 ванилин шеќер

прстофат сол

ванилин шеќер

рендана кора од 2 лимони

рендана кора од 2 портокали

сок од 2 портокали

1 рака суво грозје

0,5 дцл рум

125 г омекнат путер

1 жолчка и 2 лажици вода за премачкување

Приготвување:

Загрејте го млекото, помешајте го внатре квасецот, 2 лажички брашно и 1 шеќер. Добро измешајте и чекајте да стаса.

Во голем сад ставете го брашното и сите состојки по ред, а квасецот додадете го на крајот.

Измешајте сѐ добро и замесете тесто. Месете го подолго за да биде што помеко. Готово е кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Обликувајте го во топка, а потоа оставете го на топло да нарасне (околу 60 минути)

Премесете го и оставете го уште еден час повторно да нарасне.

Преполовете го на пола (за две средно големи слатки лепчиња) па оставете да стојат уште 20 минути.

Премачкајте ги со жолка и 2 лажици млака вода и ставете ги да се печат на 160°C околу 25 минути.

Фото: Pixabey