Велигденска чоколадна бомба

0
306

Состојки:

За кората:

4 јајца

100 г кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

100 мл зејтин

70 г брашно

30 г какао

½ прашок за пециво

За кремот:

500 мл павлака за шлаг

300 г чоколадо за готвење

200 г млечно чоколадо

Приготвување:

  1. Помешајте ги сувите состојки за кората.
  2. Белките изматете ги со малку сол, а жолчките со шеќерот и со ванилиниот шеќер па додадете им го зејтинот, и наизменично додавајте по малку од изматените белки и по малку од сувите состојки и полека мешајте додека сите состојки не се соединат.
  3. Ставете хартија за печење на дното од калапот за печење па истурете ја смесата и печете околу 15-20 минути на 180° C. 4. Оставете го тестото во калапот 15-тина минути да се разлади и во меѓувреме пригответе го кремот.
  4. Ставете ја во тенџерче павлаката и искршеното чоколадо и загревајте на тивок оган додека чоколадото не се стопи. Прелијте го кремот преку млакото тесто.
  5. Тортата оладете ја до крај на собна температура а потоа во фрижидер, најдобро преку ноќта.
  6. Украсете со чоколадни зајчиња и јајца, а можете да ставите и малку зелен кокос (кокос обоен со зелена прехранбена боја за колачи, течна или во гел) како имитација на трева.