Состојки:
За чорбата
3 страка праз
4 средни моркова
3 страка целер
4 чешниња лук
¼ шолја маслиново масло
4 гранчиња мајчина душичка
2 гранчиња магдонос
1 лавор
1 конзерва грав
1 конзерва домати
3 лажици паста од домати
250 мл супа
За трошките со лук
4 шолји лебни трошки
1/3 шолја маслиново масло
1 лажица лук
¼ шолја магдонос
Приготвување:
1. Испржете ги празот, морковот, целерот и лукот заедно со зачините, околу 15 минути. Додајте ги гравот, доматите и супата и нека се вари полуоткриено, околу 30 минути.
2. За трошките: Измешајте ги трошките со масло, лук, сол и бибер и сипете ги во тава.
Печете ги 12-15 минути. Сипете ги во друг сад и додајте го магдоносот.
3. За крај: Извадете ги гранчињата од мајчината душичка и лаворот. Испасирајте еден дел од гравот и вратете го во чорбата за да се згусне. Пред да послужите, наросете со трошките со лук.