Веге тортилји со соја и хумус

Овој рецепт за тортилји со соја и хумус е доволен за двајца, но толкѕу е вкусно што сигурно ќе сакате да си направите и резерва што ја чувате во фрижидер доколку подоцна пак огладнете

0
479

Состојки:

1 шолја соја трошки

2 лажици сок од лимон

2 лажици маслиново масло

1 лажица таан

1 чешне лук, ситно сечкано

¼ лажичка ким

¼ лажичка сол

¼ лажичка црн пипер

1 чаша исечкана зелка

¼ чаша исечкана пиперка

½ чаша исечкан кромид

2 лажици сечкан свеж магдонос

2 пченични тортилји

Приготвување:

  1. Ставете вода во тенџере и кога ќе зоврие ставете ја сојата околу 8 минути. Исплакнете со ладна вода и префрлете ја во блендер. Додадете 1 лажица сок од лимон, 1 лажица масло, таан, лук, ким, сол и ⅛ лажичка црн пипер. Мешајте додека не добиете компактна смеса.
  2. Додадете ја преостанатата лажица сок од лимон и масло со уште ⅛ лажичка црн пипер. Додадете ја зелката, пиперката, кромидот и магдоносот. Измешајте.
  3. Намачкајте ја тортилјата со смесата со соја и таан, а потоа ставете и од втората смеса со зеленчукот и завиткајте. Повторете ја постапката и со втората тортилја.