Кукурек

Кукурекот е еден од специјалитетите кои се прават од јагнешки цревца, крезли и чкембе. Постапката за нивно чистење и плетење не е баш така едноставна, па овојпат го направивме од готов, сплетен кукурек.

0
3993

Состојки:

Околу 1,2 кг. плетенка кукурец

6-8 ловорови ливчиња

6-8 чешниња лукче

2 моркови

црн пипер во зрно

по потреба вода

1дл. бело вино

масло

2 лажици брашно

1 лажица мелен црвен пипер

1/2 лажица буковка

1 лажица суво нане

по желба зачини (мешан сув зеленчук, црн пипер, сол, магдонос)

Приготвување:

  1. Кукурекот се мие убаво и се зоврива во неколку води (2-3), а во последната 4-та вода се додаваат ловоровите ливчиња и половина од лукчињата, морковите и сол по вкус. Се вари на умерен оган, се додека не омекнат.
  2. Потоа се сече на парчиња и се реди во земјена тава. Се додаваат сварените моркови, нови ловорови ливчиња и лукчиња, се налева вода – дел од таа во која се вареше, дел чиста и виното. Течноста треба да биде до половина на кукурекот.
  3. Се става во загреана рерна уште 30 минути.
  4. Се прави запршка. (На масло се пропржува брашното, па се додаваат двата вида пипер). Се истура запршката во земјената тава и се додаваат сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, суво нане и магдонос. Се враќа во рерна уште малку додека не проврие сосот.