Веге тиквички со ориз

Лесен летен ручек, едноставен за правење, вкусен за јадење и не одзема многу време, а потоа нема да се чувствувате како тенк дури и ако изедете две порции

0
469

Состојки:

3-4 мали тиквички или 2-3 обични, долги
Една шолја ориз (200 мл)
1 Морков
Оревчиња по вкус
Пармезан
Куркума
Сол, црн пипер
Копар
Маслиново масло
Вода

Приготвување:

1. Издлабете ги тиквичките и содржината ставете ја настрана.
2. Во тавче ставете маслиново масло и пропржете ги содржинат на тиквичките, ренданиот морков, оризот, исечканите оревчиња и зачините.
3. Кога се ќе се пропржи, се додава пармезанот и се полнат тиквичките.
4. Вака наполнети тиквичките се редат во длабок сад, се додава многу вода и се поклопува со капак.
5. По извесно време, откако тиквичките ќе омекнат, капакот се трга, се потпекуваат и ручекот е готов.