Веге плескавица: Дали е поздрава од месната?

Овој вегански бургер сѐ почесто изникнува и на социјалните мрежи, па сигурно имате многу прашања: Навистина ли е толку добар? И како е можно да изгледа вака добро „крваво печено“ како да е од вистинско говедско месо?

0
541

Дефинитивно, „невозможната плескавица (бургер) која, по ѓаволите, навистина изгледа како вистинска плескавица, веќе е тука со нас. И со нејзиното сѐ почесто појавување на менијата низ Америка („невозможниот вупер“ е зацементиран на менито на Бургер Кинг), сѐ потешко е да се игнорира овој хамбургер направен од лажно месо.

Овој вегански бургер сѐ почесто изникнува и на социјалните мрежи, па сигурно си поставувате прашања во главата. Повеќе прашања. Како: Навистина ли е толку добар? И како е можно да изгледа вака добро крваво испечено како да е од вистинско говедско месо?

„Невозможниот хамбургер“ навистина изгледа сочно, примамливо, па дури и „крваво испечен“ како обичната плескавица. Но, во него нема месо, целосно е направен од растителни состојки.

Импосибл фудс, фирмата која го создаде овој „хамбургер“, на својата веб страна напишала дека потрошиле пет години за да дојдат до рецептот за ова што изгледа сосема идентично по вкус, изглед и мирис како одомаќената говедска плескавица, направена од животински состојки. Од компанијата велат и дека „невозможниот хамбургер“ има уште една важна додадена вредност: тој е еколошки. Во споредба со одгледувањето и производството на месо од говеда, „за производството на невозможниот хамбургер се искористени 95 проценти помалку земја, 74 проценти помалку вода, како и дека се создава 87 проценти помалку емисија на гасови од стаклена градина.

Но, во секој случај истото може да се каже за било која друга безмесна плескавица направена од други растителни состојки.

Иако „невозможната плескавица“ е направена на основа на растителни сотојки, тоа не значи дека е целосно вегетаријанска. На листата на сотојки во оваа плескавица стојат  протеини од соја, масло од кокос и протеини од компири, што значи дека е безглутенска.

Ова е севкупната нутритивна содржина (вредност) во дотичнава 250-грамска „невозможна плескавица“:

  • 240 калории
  • 14 г. масти (од кои 8 г преработени)
  • 170 г. содиум
  • 19 г. протеини
  • 9 г. јаглени хидрати
  • 3 г. растителни влакна
  • помалку од 1 г. шеќер

Севкупната количина на калории и маснотии изгледа прифатливо, со оглед на тоа што се работи за 250-грамска смеса.  Но има голем сооднос на одбрани (преработени) масти, кои најверојатно потекнуваат од кокосовото масло. Познато е дека премногу одбрани масти е опасно по здравјето, без разлика на нивното потекло.

А ова е споредбата со 250-грамска плескавица со смеса од говедско месо:

  • 219 калории
  • 13 г. маснотии (од кои 4.2 г. одбрани)
  • 75 г. содиум
  • 72 г. протеини
  • 0 г. јаглени хидрати
  • 0 г. растителни влакна
  • 0 г. шеќер

Без разлика што додавате во вашата смеса за „невозможната плескавица“ или со што ја комбинирате, „мајонезите, кечапите и пржените компиричиња (помфритот), може со калории и купишта маснотии да го катапултира со космичка брзина овој хамбургер во некоја друга не толку сакана димензија.

Најдобро е оваа вегетаријанска плескавица да ја комбинирате со полнозрнесто пченично лепче, поздрави додатоци, како што е сенфот, па дури и згмечено авокадо, велат нејзините креатори.

Фото: Pexels