Состојки за околу 2 шолји:
1,5 шолја сирови бадеми
½ шолја семки од сончоглед
3 шолји вода
1 капсула пробиотик
¼ шолја плус 1 лажица чиа семки
Малку сол
Приготвување:
Потопете ги бадемите и сончогледот во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Следниот ден исцедете ги и исплакнете ги бадемите и сончогледот, па ставете ги во блендер, додадете вода и сол.
Мелете додека не добиете компактна маса.
Употребете газа за да ги одвоите влакната од течноста. Течноста – „млекото“ од јаткасти плодови префрлете го во посебен бокал.
Отворете ја капсулата пробитоик и помешајте го правот во „млекото“ од бадеми и сончоглед со дрвена или пластична лажица.
Покријте го бокалот со ткаенина и оставете го на топло и темно место околу 24 часа.
Тргнете ја ткаенината, помешајте се со дрвена лажица и пробајте. Би требало да има киселкаст вкус – ако не е, оставете да отстои уште малку. Кога е подготвено додадете ги чиа семките и оставете да стојат додека да набабрат, околу пола час. Потоа промешајте, па оставете во фрижидер мешавината да се олади и уште малку да се згусне.