Веган гозба за душата

0
950

Поставете убави чинии, пуштете малку музика, и подгответе се за веган гозба на душата. Следниве рецепти ќе ви помогнат да доживеете вистинска душевна релаксација.

Супа од тиква и круши

Состојки:
(6 порции)
3 лажици маслиново масло
2 парчиња праз со средна големина, белите и светло зелените делови ситно сечкани (3 шолји)
1 мала тиква, излупена и сечкана на парчиња од околу 2 см (900 грама)
3 круши, излупени, без семки и исечени на парчиња од околу 2 см (700 грама)
5 шолји супа од зеленчук
1 конзерва млеко од кокос од 400 грама
1 кафена лажичка свежа мајчина душица
семки од тиква за гарнир (по желба)

Приготвување:
1. Загрејте го маслото во тава за готвење на средна температура. Додајте го празот и гответе 10 минути, додека омекне. Мешувајте постојано.
2. Додајте ги тиквата и крушите и пропржете 5 минути. Додајте ја супата од зеленчук и почекајте да зоврие. Намалете ја ринглата на тивко, додајте сол по желба. Варете уште дваесетина минути додека тиквата омекне.
3. Тргнете ја супата од оган и додајте го кокосовото млеко. Претурете ја супата во блендер и блендирајте додека смесата се изедначи. Вратете ја изблендираната супа во тавата и додајте мајчина душица. Загрејте ја уште 2-3 минути. Зачинете со сол и црн пипер, по желба. Можете да ја послужите декорирана со семки од тиква.

Задушени медалјони од сејтан во сос од мешани печурки

Состојки:
900 г сејтан, исечен на медалјони
1 шолја и 2 лажички маслиново масло, поделено
1 голем кромид, исечен на тенки ленти
5 чешнина лук, столчен
2 шолји мешани печурки
2 шолји супа од печурки
1 шолја ситно сечкана зелка
2 халапено чили пиперки, сечкани (2 лажички)
1/4 шолја ситно сечкан млад кромид
2 лажички исечкан магдонос

Приготвување:
1. Загрејте 1/2 шолја маслиново масло, во тава, на средна температура. Испржете половина од сејтанот во маслото, по 3 минути од секоја страна на медалјоните.

2. Положете ги испржените медалјони од сејтан на чинија покриена со хартиена крпа, а тавата избришете ја добро. Втората половина од медалјоните испржете ги во преостаната 1/2 шолја масло.

3. Додајте ги двете лажички маслиново масло и кромидот во загреаната тава. Зголемете ја температурата и пржете 3 минути. Потоа намалете на средна температура и пржете уште 10 минути. Додајте го лукот и пржете уште 3 минути.

4 . Во тавата додајте ги мешаните печурки, супата од печурки и сејтанот. Покријте ја тавата со капак и оставете да крчка 30 минути.

5. Додадете ја зелката и нека крчка уште 3 минути.

6. На крајот, додадете ги чили пиперчињата, зелениот кромид и магдоносот.

Блитва со суво грозје и портокал

Состојки:
(6 порции)

700 г блитва без дршки
1 лажица маслиново масло
2 чешниња лук, ситно сечкани
2/3 шолја суво грозје
½ лажичка сол
1/3 шолја свежо цеден сок од портокал

Приготвување:
1. Наредете неколку листови блитва еден врз друг, завиткајте ги во цврст цилиндер и насечете ги попречно во ленти.

2. Сварете го зеленчукот во голем лонец со зовриена и посолена вода околу 10 минути, додека омекне. Исцедете го и потопете го во ладна вода.

3. Загрејте масло во тава на средна температура. Додајте лук и пропржете една минута. Додајте ја исцедената блитва, сувото грозје и солта и пржете 3 минути. Додајте го сокот од портокал и гответе уште 15 секунди. Зачинете со сол и црн пипер, по желба.

Салата од моркови, брусница и ореви

Состојки:
(6 порции)
¼ шолја меко тофу
2 лажици јаболков оцет
1 лажица свеж сок од лимон
1 лажица сенф
½ лажичка крупна морска сол
2 лажици масло од орев
3 шолји морков, рендан
¼ шолја сушена брусница
1 шолја ореви

Приготвување:
1. Ставете ги во блендер тофуто, оцетот, сокот од лимон, сенфот и солта. Блендирајте додека добиете изедначена смеса. Додајте го маслото. Ставете ја мешавината од блендерот во сад заедно со ренданите моркови и брусницата.

2. Оставете го садот во фрижидер околу половина час. Послужете ја салатата украсена со ореви.

Пире од компири со чили, ким и карамелизиран кромид

Состојки:
(6 порции)
1 кг компири, излупени и сечкани на коцки
1 голем кромид, ситно сечкан (2 шолји)
5 лажици маслиново масло
2 лажици мелен ким
½ лажица сол
¼ лажица чили во прав
½ шолја незачинето оризово млеко
2 лажици ситно сечкана свежа мајчина душица

Приготвување:
1. Сварете ги компирите во тенџере додека омекнат.

2. Во меѓувреме, пропржете ги кромидот, кимот, солта и чилито во тавче на тивок оган, околу 30 минути. Додајте го оризовото млеко и мајчината душица.

3. Исцедете ги компирите и згмечете ги. Додајте ја мешавината со кромид во компирите. Зачинете со сол и црн пипер, по желба.

Пудинг од чоколадо и ореви

Состојки:
(12 парчиња)
За тестото:
1 шолја бадеми
1 шолја ореви
½ шолја пекарско брашно од цело зрно
1/8 лажичка ситна морска сол
½ шолја сушен незасладен кокос
8 големи урми, без семки и сечкани
2 лажици кокосово масло

За филот:
¾ шолја оризово млеко
½ банана
1 ¼ шолји ореви, сечкани
¾ шолја веган чоколаден чипс, стопен
½ шолја јаворов сируп
½ шолја сув незасладен кокос
¼ шолја кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 150 степени. За да го подготвите тестото сомелете ги бадемите, оревите, брашното и солта додека добиете изедначена смеса. Префрлете ја смесата во сад и додајте го кокосот. Урмите и маслото ставете ги блендер и блендирајте додека добиете леплива смеса. Додајте ја мешавината од јаткасти плодови во урмите и блендирајте додека добиете тесто. Месете го тестото една минута и префрлете го во таваза печење. Направете дупчиња на дното од кората.

2. За филот: Измешајте ги во блендер оризовото млеко и бананата. Додајте ги останатите состојки и мешајте за да се соединат. Намачкајте ја смесата врз тестото, покријте ги крајчињата со фолија и печете 20 минути. Потоа почекајте да се излади, и оставете го во фрижидер околу 2 часа пред да го послужите.

Извор: Vegetarian Times