Јајцата содржат околу 7 грама протеини и ако не ги приготвувате на многу масло можат да бидат многу здрав оброк. Со маслиново масло јајцата ќе добијат сосема поинаков вкус.
Сончогледовото масло заменете го со маслиново и со тоа, освен есенцијални антиоксиданси кои ни се потребни затоа што се борат против слободните радикали во организмот, ќе си обезбедите и значително повкусен оброк.
Истражувањата покажале дека приготвувањето на растително масло не е најдобар избор за здравјето затоа што обичните растителни масла со загревањето отпуштаат штетни состојки, алдехиди.
Иако и маслиновото масло е растително, со неговото загревање сепак се отпуштаат помалку алдехиди. Истовремено, побрзо се загрева, па и јајцата побрзо се готови, а го задржуваат вкусот.
Фото: Pixabey