Вечна дебата: Ананас на пица, да или не?

Таканаречената хавајска пица е причина за една повеќедецениска дебата која се однесува на тоа дали е ананасот соодветна состојка за пица. Дали неколку парчиња ананас на пицата е навистина толку лошо, што мислите вие?

0
114

Пицата со ананас е тема на веројатно најголемата дебата поврзана со храна: прашањето дали ананасот е соодветна состојка за филување на пица.

Но, дали неколку парчиња ананас на пицата е навистина толку лошо? Изгледа дека не е, со оглед на тоа што оваа пица е на листата на 10 најпопуларни пици. (Иако се наоѓа дури на деветтото место, веднаш пред спанаќот).

Во Њујорк било направено истражување и било побарано мислење од пица-готвачи од САД за соодветноста на ананасот како состојка за пица.

Во малку изненадувачки пресврт на настаните, се чини дека многу од овие пица готвачи, дури и италијанските, од старата школа, одговориле на барањата на клиентите.

Како што вели поговорката, клиентот е секогаш во право, дури и кога станува збор за барања да се стави ананас на традиционална пица.

Запрашан за ова, Скот Вајнер, експерт за темата – пица, рекол:

За оние кои велат дека ананасот не е прифатлива состојка за пица, бидејќи тоа едноставно не е италијански, не држи, со оглед на тоа што многу од популарните додатоци кои се ставаат на пиците, не се италијански. На пример, пченка на пица? Пилешко на пица?

За оние кои велат дека ананасот не е прифатлив во пица, бидејќи нема добар вкус, веројатно не го направиле тоа како што треба. Сирови парченца ананас што се расфрлаат на пицата? Во никој случај! Но печен и со глазура од мед во комбинација со свинско месо расфрлан врз пицата е вкусна комбинација. Нема потреба од домати на таа ананас-пица, бидејќи веќе има доволно киселина.

Јас сум апсолутно про-ананас и мислам на тоа на ист начин како што мислам за повеќето аргументи врзани за храната: Ако не ви се допаѓа, не го јадете“.

Фото: Pexels