Традиционалните ситни колачи се печат предпразнично а нивната предност е токму во тоа што можат да стојат со денови во затворена лимена кутија.
Еве рецепт за совршени, лесни ванилици што се топат во уста.
Рецептот е со путер, но уште подобро е доколку го сакате овој вкус, да го направите по старински – со свинска маст.
Состојки:
280 г брашно
100 г шеќер
100 г ореви
200 г путер
1 ванилин шеќер
100 г шеќер во прав
Приготвување:
Од оревите, шеќерот, брашното и путерот замесете тесто. Путерот нека биде на собна температура.
Оставете го тестото на половина час во фрижидер и потоа обликувајте ги по желба. Наредете ги врз хартија за печење и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180°C околу 10 минути.
Кога ќе ги извадите, оставете ги 2-3 минути да се одморат и извалкајте ги во шеќер во прав.