Вафли

0
1916

Состојки:
1 шолја јогурт со ванила
½ шолја млеко
2 јајца, одвоени
1 лажица масло
1 лажичка екстракт од лимон
½ шолја овесни снегулки
3 лажици шеќер
1 шолја сенаменско брашно
1 лажичка печиво
малку сол
90 г боровинки

Приготвување:
1. Загрејте ја тавата за вафли и намачкајте ја со масло.

2. Измешајте ги заедно јогуртот, млекото, жолчките, маслото и лимонот. Додадете ги овесните снегулки, брашното, шеќерот, печивото и солта.

3. Во друг сад изматете ги белките во цврст шлаг. Измешајте ги белките со смесата од јогурт и брашно и на крајот ставете ги боровинките.

4. Ставете по малку од тестото на жешката тава за вафли. Печете ги според упатството за користење на тавата. Служете ги топли со свежи боровинки.