Состојки за основното тесто:
1 шолја (250 мл) топла вода
2¼ лажичка сув квасец
1 лажица мед или шеќер
2 лажички сол
2 лажици маслиново масло или обично сончогледово масло
3 шолји брашно
За стапчињата со сирење и лук:
2 лажици стопен путер
2 чешниња ситно сечкано лукче
¼ шолја рендан пармезан
120 г рендана моцарела
Приготвување на тестото:
Во поголем сад помешајте ги квасецот, медот и топлата вода. Добро измешајте и оставете 10-15 минути да се активира квасецот, а потоа додадете сол, масло и пола од брашното, па добро измешајте.
Откако сте замешале пола од брашното, остатокот додавајте го дел по дел додека не ја добиете саканата конзистенција на тестото, меко, но да не се лепи. Кога ќе направите такво тесто, месете го околу 6 минути, тоа е важно па не го прескокнувајте овој дел.
Кога добро ќе го замесите тестото, оставете го да стои 1-2 часа во сад кој претходно сте го намрсиле со масло и прекријте го тестото со пластична фолија. Потоа користете го тестото по ваша желба – за пица или за да направите стапчиња со сирење и со лук.
Вклучете ја рерната на 250 степени. Тестото расукајте го и ставете го врз мрсна хартија за печење. За стапчиња стопете путер и исечкајте лук.
Со оваа мешавина премачкајте го тестото и богато поросете со моцарела и пармезан или некое друго сирење по ваш избор. Печете околу 10 минути. Извадете го и оставете да се лади 1-2 минути па исечете го тестото на стапчиња.
Рецептот и фотографијата се од ТУКА.