Уште еден начин како да го искористите стариот леб

Крцкаво лепче натопено во смеса од јајца и млеко, можете да го послужите како појадок, меѓуоброк или топла вечера

0
366

Натопен во смеса од јајца и млеко, крцкаво препечен и филуван со свежа урда или моцарела, прелив од шумско овошје, чоколадо и јаткасти плодови и прелиен со јаворов сируп, совршено се сложува со утринско кафе.

Исечете го лебот на подебели кришки па расечете ги до половината обликувајќи џепче кое ќе ви послужи за полнење. Наполнетите кришки натопете ги во јајца и пропржете ги додека не добијат златножолта боја.