Универзален овошен тарт

Ако сте на мисла што слатко да подготвите за Велигден, еве еден лесен предлог, и во однос на подготовката, но и за консумирање. А да не зборуваме за тоа дека сега е токму вистинско време да ги пробаме и првите јагоди

0
1092

Состојки:

За тестото

220 г брашно

100 г путер

1 јајце

50 г шеќер

1/3 лажичка сол

За филот

Околу 500 г исчистено, исечкано овошје

100-150 г шеќер (по ваша желба)

1 кесичка пудинг од ванила

За сервирање, по ваша желба

 180 г кисела павлака

3 лажички шеќер

Овошје

Листови од нане

Приготвување:

Со вилушка разматете го јајцето со 50 г шеќер и 1/3 лажичка сол

Во сад за месење ставете го брашното, па додадете ладе, на парченца исечкан путер и со раце мешајте ги додека не добиете трошливо тесто. Додадете го матеното јајце со шеќер и замесете тесто. Обликувајте го како топка и ставете го во кеса за замрзнување и нека остане таму барем 1 час.

Додека тестото се лади спремете го филот.

Исечкајте го овошјето и помешајте го со шеќер и со прав за пудинг. Убаво измешајте ги само внимавајте да не останат грутчиња од пудингот.

Изладеното тесто расукајте го на круг со пречник 30+ цм, барем неколку сантиметри поголемо пд пречникот на тркалезната тепсија во која ќе го печете. Префрлете го тестото во тепсијата и направете ги краевите да не бидат надвор од тепсијата туку на иста висина со него. Савете го филот врз тестото и печете околу 40 минути на 180°C. Пред крајот, филот ќе набабри, но во текот на ладењето ќе спласне.

Печениот тарт оставете го да се лади, а за сервирање помешајте една чаша разладена кисела павлака со три лажички шеќер и оставете ја барем 15 минути во фрижидер за да се растопи шеќерот. Непосредно пред сервирање на секое парче ставете по малку од овој бел крем, по едно парче овошје и украсете со свежи ливчиња нане.

Напомени:

За филот е потребно околу пола литар пасирано овошје, односно овошна каша, а можете да го направите со било кое друго овошје.

И секако, количината на шеќер прилагодете ја согласно со тоа за какво овошје станува збор и со вашиот вкус.

Од киселата павлака ставајте непосредно пред послужувањето.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.