Не чекаат денови полни со ЈАЈЦА

Воочи Велигден кога знаеме дека ќе се јадат многу многу јајца, не е лошо да се потсетиме дека се здрави, го забавуваат стареењето, помагаат за слабеење и штитат од рак

0
481

Додека бевме мали, беше нормално неколку пати неделно да се јадат јајца во различни варијанти, варени јајца или пак кајгана или јајце на око. Врз јајцето на око стававме малку црвен пипер, малку црн пипер, па дури и малку „вегета“. А јајца на око со спанаќ ни беше омилениот ручек.

Но наеднаш тоа се смени и почна да се зборува дека јајцата негативно влијаат на нивото на холестерол во крвта. Тоа го потврдуваа и некои истражувања кои подоцна новите ги „соборија“. И така некако почнавме да ги избегнуваме.

Сепак, што научниците сѐ повеќе го истражуваат влијанието на одделни намирници на нашето здравје и телесна тежина, сѐ погласно истакнуваат дека нема причина да ги избегнуваме јајцата, па дури и ако страдаме од покачен холестерол или ако се мачиме со вишок килограми.

Според најновите истражувања дури се советува да се јадат две јајца дневно (тоа, секако, ги исклучува дијабетичарите и лицата кои страдаат од болести на срцето, на кои пак, им се советува да јадат три јајца неделно), а ние истраживме што велат стручњаците дека ќе ни се случи доколку го правиме ова.

1.    Би го намалиле ризикот од развој на рак

Богати со аминокиселини, минерали и витамини, јајцата го поврзуваат женскиот хормон естроген во телото. Покаченото ниво на естроген, кое може да се смета како тригер за рак на дојка, па би можело да стане појасно зошто јајцата можат да помогнат во превенирањето на рак на дојка. Имено, едно истражување покажало дека секојдневното јадење јајца во тинејџерскиот период го намалило ризикот од рак на дојка на подоцнежна возраст кај 18 отсто од испитаниците.

2.    Би го забавиле стареењето

Жолчките содржат каротеноиди, моќни антиоксиданти кои едноставо ги бришат годините од нашиот животен каендар, а не штитат и од можен развој на рак на кожа. Секако, под услов да ги внесуваме доволно и редовно.

Стручњаците д-р Каролајн Хестерберг и професор Јурген Ладеман откриле дека јајцата од кокошки кои се одгледувани слободно, содржат многу високи количини природно жолти бои (за разлика од оние одгледувани во кафези), во што и самите сме се увериле многу пати. Во тие жолто-портокалови бои на жолчките се наоѓаат споменатите каротеноиди кои го забавуваат процесот на стареење. Треба да се знае дека телото не може самото да произведе каротеноди, затоа мораме да ги земеме од храната бидејќи имаат важна улога во „задржувањето“ на слободните радикали. Ако притоа користиме јајца, тогаш треба да водиме сметка да не ги превариме или да не ги прeпечеме бидејќи со термичката обработка „ги убиваме“ неговите добри состојки.

  1. Побрзо ќе ослабнеме

Со оглед на тоа што јајцето има гликемиски индекс, а брзо не заситува – ги подобрува нашите планови за слабеење. Она што треба да го избегнуваме при слабеењето е скробот, а не протеините. Имено, скробот има поголем гликемиски индекс од протеините. Тоа значи дека ако јадете скроб (компири, пченка, тестенини, леб, печива, брашно…) брзо ќе почувствуваме ситост на организмот, меѓутоа, многу брзо повторно ќе почувствуваме глад.

  1. Ѝ правиме добро на својата кожа

Биотин, витамин Б12 и протеините се многу важни хранливи материи за кожата и косата.

Јајцата се исклучително богати со витамин Б12, биотин и протеини.  Тие додатоци се многу важни хранливи материи за нашата кожа и коса. Исто така, јајцата содржат високи дози на лецитин, кои му помагаат на црниот дроб во детоксикацијата на телото.

5.    Го намалуваме ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Причина за тоа е фактот што јајцата во себе имаат и омега-3 масни киселини кои се добри за кардиоваскуларниот систем, па така влијаат и на нивото на триглицериди во нашата крв.

Исто така, уште една многу важна ставка, која многумина не ја знаат, е таа дека , наспроти тоа што едно кокошкино јајце има отприлика 400 мг холестерол, телото „презема“ само една третина од холестеролот од намирниците што ги внесуваме. Сиот друг холестерол телото го произведува само што оди во прилог на тезата дека стресот и неуредните животни навики повеќе влијаат на нивото на холестерол во крвта, отколку што го прават тоа јајцата. Ова го докажало и истражувањето на Биомедицинскиот истражувачки центар во Батон Руж, Лујзијана.

6. Подолго ќе го задржиме добриот вид

Витаминот А, лутеините и зеаксантинот му помагаат на окото подобро да гледа во темница и при силна светлина, во распознавање на боите, па воедно го штитат од слободните радикали.

  1. Се намалува ризикот од оштетување на плодот во бременоста

Витаминот Б9 ги штити неродените деца од оштетувања на централниот нервен систем. Имено, едно јајце од кокошка содржи 0,7 микрограми витамин Б9, односно фолна киселина. Отсустноста на фолна кислеина во текот на бременоста може да му штети на централниот нервен систем на нероденото дете. Директна последица од тоа може да биде, истакнуваат стручњаците, штетувања на р’бетниот мозок и мозокот. Тоа е причина зошто воведувањето на јајца во исхраната е добар начин за одржување на потребното ниво на фолна киселина.

8. Коските ќе ни бидат подолго цврсти, а зглобовите подвижни.

Витаминот Д и калциумот се многу важни за здравјето на коски. Калциумот и протеините што ги има во јајцата, заедно „соработуваат“ за да можат постојано да го одржуваат во телото потребното ниво на калциум. Исто така, витаминот Д во јајцата на нашето тело му овозможува делотбворно да го „консумира“ калциумот, тој толку потребен минерал.

9. Ги штитиме мозочните функции

Колинот кој може да се најде во јајцата, е непходен за добра работа на нашиот мозок, како и за пренос на информации од мозокот во други делови на телото.

Јадењето 2 јајца дневно е едноставен нчин кој гарантира дека на телото ќе му обезбедите доволно колин.

Фото: Pixabey