Укинувате некои производи од исхраната? Размислете добро!

0
1003

Многу луѓе кои се чувствителни на одделни состојки од намирниците немаат друг избор освен да ги елиминираат од својата исхрана, но има многу кои тоа прават заради тоа што е некој вид на исхрана во тренд, или затоа што сакаат некој вид на исхрана да биде дел од нивниот нов животен стил.

Понекогаш, вториве си прават повеќе штета отколку корист.

На пример, многу луѓе ги избегнуваат млечните производи верувајќи дека тие ги дебелеат или дека им ги влошуваат кожните заболувања. Сепак, стручњаците наведуваат дека исфрлањето на оваа група намирници од исхраната може да резултира со нетолеранција на лактоза.

Децата помлади од пет години, генерално, имаат високо ниво на лактоза, а како што старееме, така и нивото на лактоза се намалува.

Меѓутоа, стручњаците наведуваат дека колку повеќе млечни производи внесуваме, толку бактериите во нашата цревна флора произведуваат повеќе лактоза.

„Бактериите во вашето дебело црево мораат да се хранат за да преживеат. Тоа значи дека она со што се храните вие, воедно храни и одредени групи бактерии во вашиот организам“, наведува доктор Денис Савијано од Универзитетот Перду.

„Лицата во чија исхрана е застапена лактозата ќе произведуваат 6 до 8 пати повеќе лактоза во однос на лицата кои не внесуваат млечни производи, па со самото тоа и подобро ќе ги варат“, додава Савијано.

Многу луѓе кои се одлучуваат повторно да ги вклучат овие намирници во исхраната, во почеток би можеле да имаат потешкотии со варењето. Лекарите советуваат во тој случај млечните производи во исхраната да се воведуваат постепено и полека, за да има организмот доволно време за производство на оптимални количини лактоза.

Важно е да се напомене дека млекото сдоржи најголема количина на лактоза, додека млечните производи како јогурт и тврдите сирења и кашкавали го содржат ова соединение во значително помала мера.