Дали хималајската сол е само модерна глупост?

Промоторите на оваа сол се во состојба внимателно да го набројуваат присуството на (корисни) минерали во неа (од чии количини на човек нема да му биде ништо подобро), но намерно занемаруваат да соопштат за присуството на одредени радиоактивни елементи, вклучувајќи ги радиумот и полониумот (од кои исто така нема да му се случи ништо лошо на човекот, бидејќи станува збор за незначително мали количини).

0
2975

Хималајската сол се добива од рудник во Пакистан, кој е втор по големина рудник за сол во светот.

Оваа сол е розова, бидејќи често содржи траги од железни оксиди, кои ѝ даваат таква боја.

Таа содржи и мали количини на калциум, калиум и магнезиум.

Присутна е незначително помала количина на натриум во споредба со другите соли.

Главната разлика, кога ќе се подвлече црта, се состои во самиот изглед.

Ако сакаме да одиме во детали, величината на кристалите можат да влијаат на интензивното доживување на солениот вкус на јазикот. Колку се поголеми кристалите, би требало вкусот да е посилен. Меѓутоа, ова целосно го губи значењето кога станува збор за оброци во кои е солта растворена во храната. Тогаш нема разлики помеѓу хималајската и обичната сол за готвење.

Во што е тогаш тајната?

Постои една студија која се занимава со споредување на содржината на минерали во различни видови на сол.

Ова се навистина минимални разлики. На пример, содржината на 0,3% магнезиум во еден вид имплицира дека едно лице треба да јаде 100 гр сол за да ја задоволи препорачаната дневна количина.

Различната исхрана ја обезбедува човековата потреба за макроелементи и микроелементи, па минералниот состав на разни соли не е навистина причина да се фаворизира една од нив.

Не постои ниту една студија која се занимава со утврдување на здравствените ефекти на различните видови на сол.

Дури и да се направи, нема да покаже никаква разлика. Повеќето соли се слични. Значи, сите тие се состојат од натриум хлорид и мала количина на други минерали.

Кога Опра Винфри и д-р Оз ја прогласија хималајската сол за семоќна, голем број луѓе кои ги привлекува алтернативата, полудеа.

Што се кажува обично?

За разлика од другите, хималајската сол содржи 84 елементи … Може да биде подобра за вас, бидејќи во себе има калиум кој би можел да биде од корист за намалување на крвниот притисок.

Не. Целосна невистина.

Со цел да се дојде до точен одговор, најдобро е да се испита вкупната содржина на минерали.

Сите нерафинирани соли се оценуваат на ист начин. Во овој контекст, хималајската сол содржи 2,5-3,0% минерали. Ова не е многу во споредба со други комерцијални соли, а всушност малку, во споредба со минералната содржина на некои видови на морски соли од различни мориња (13-17%) или, на пример, содржината на хавајската морска сол (9-10%).

Значи, забележливо е дека сите нерафинирани соли се во суштина исти кога станува збор за минералната содржина и составот. Покрај натриум и хлор, примарни елементи се главно калциумот, магнезиумот, бромот, цинкот и железото.

Останатите други елементи во нивниот состав се јавуваат во занемарливи количини, такашто нивното присуство се карактеризира како елементи во трага.

Логичното прашање што треба да се постави: колку такви соли треба да консумираат луѓето за да почувствуваат каква било вистинска корист од овие елементи во трагови?

Или, дали навистина треба да се јаде сол за да се задоволи потребата за елементите во трагови во исхраната?

Што е со другите 75 минерали содржани во хималајската сол? Поентата е дека не постои позната вредност или корист.

Човекот веќе ги добива микроелементите од храната. Зошто му е потребна хималајска сол? Второ, микроелементите со право се нарекуваат токму така. Некои од нив се присутни во оваа хималајска сол во количина помала од 0,001 mg (микрограми = милионити дел од грам – а се зборува за количина која има влијание врз здравјето?).

Зошто за овој вид на сол се зборува за нешто толку чисто, недопрено, од природата? Дали трговците на оваа сол одат на Хималаите, па знаат каков е процесот на вадење, обработка, пакување? Кои се хигиенските / еколошки / технолошки услови за производство? Не постојат такви извештаи.

Колку вешто се провлекуваат во рекламата тие 84 елементи … Како не му падне некому на памет дека промотерите на оваа сол единствено  сѐ уште не ги вклучиле во нејзиниот состав само благородните гасови од Периодниот систем на елементи?

И тука постои целосен парадокс – промоторите се во состојба внимателно да го набројуваат присуството на (корисни) минерали во неа (од чии количини на човек нема да му биде ништо подобро), но намерно занемаруваат да соопштат за присуството на одредени радиоактивни елементи, вклучувајќи ги радиумот и полониумот (од кои исто така нема да му се случи ништо лошо на човекот, бидејќи станува збор за незначително мала количина).

Хималајската сол може да содржи и по некои потенцијални предизвикувачи на труење – олово, жива, талиум.

Единствениот аргумент дека хималајската сол е подобра од било која друга сол на крајот се сведуваат на кулинарски финеси.

„Тоа е поздраво за вас“ е целосно лудило без разбирање на некои основни работи зад тврдењета кои создаваат мит во јавноста, такашто кога следниот пат некој ќе ви понуди хималајска сол, знајте дека ви продава „ветер во магла“.

Преземено од ТУКА.