Од време на време на нашето тело му е потребно чистење од токсините, а оваа диета е одлична за детоксикација, за симнување на масните наслаги, но и за усвојување на здрави навики.
Освен тоа, станува збор за едноставен начин на исхрана кој ќе му помогне на вашиот организам да се одмори, ќе ви го исчисти црниот дроб, надбубрежната жлезда и ќе го регулира варењето. Овој детокс режим не е волшебен, но ќе му помогне на нашиот организам барем малку да го обнови здравјето, да го забрза метаболизмот и да ви помогне во процесот на слабеење. . За време на диетата избегнувајте алкохол, шеќер и преработена храна.
Еве што можете да консумирате во текот на тридневната диета, со тоа што порциите треба да бидат ограничени.
Прв ден:
Појадок: Вода со исцеден лимон, варена киноа, ленено масло, јаткасти плодови или семки (протеини) и суво овошје.
Ручек: Растителен чај, ориз, мисо супа.
Вечера: Половина диња (се разбира, ако е голема земете една кришка) или чинија мешано овошје. Може и брокули, кељ, кромид, наут, маслиново масло и печен компир.
Фото: Pixabey