Салата од лубеница

Нема поубаво летно освежување од лубеницата. Можете да ја исечете на кришки и да ја јадете така, но можете од неа да направите и салата

0
249

Во лето е добро секогаш да се има лубеница во фрижидерот.

Кога ви треба брзо освежување или ви се јаде нешто слатко, само исечете си една кришка и уживајте.

Но од неа можете да направите и оброк.

Искомбинирајте ја со авокадо и сирење и имате брз , вкусен и здрав оброк.

Состојки:

1 авокадо

2 лажици маслиново масло

сол, црн пипер, сок од лимон

3 китки рукола

1/4 кромид, тенко исечен

700 г разладена лубеница, исечена и исчистена од семките

100-150 грама фета сирење, здробено или исечено на коцки

Приготвување:

Во еден помал сад измешајте сок од лимон и масло и додадете сол и црн пипер

Во поголем сад измешајте рукола и кромид и прелијте ги со мешавината од лимон и масло, а потоа додадете ја и лубеницата, авокадото и сирењето.