Овие три намирници можете да ги јадете секојдневно или речиси секојдневно, а од тоа да имате само полза, особено затоа што сите три се достапни цела година
Јаболки. Тие се богат извор на фитохемикалии, антиоксиданси, флавоноиди, растителни влакна и витамин А. Особено е значаен флавоноид кверцетин, кои ги штити артериите и срцето, а делува превентивно против неколку видови рак. Истражувањата укажале дека секојдневната консумација на јаболки е поврзана со превентивно и лековито делување во случај на следните здравствени проблеми:
Го намалуваат ризикот од шлог предизвикан од тромбови.
Го намалуваат ризикот од дијабетес
Го намалуваат ризикот од Алцхајмер.
Моркови. Одличен извор се на бета-каротен, растителни влакна, витамин А, фолати (B9), калиум, бакар и магнезиум. Истражувањата покажале дека редовната консумација на моркови е поврзана со превентивно и лековито делување во случај на следните здравствени проблеми:
Го ублажуваат запекот (констипација)
Го намалуваат ризикот од пореметување на видот (макуларна дегенерација)
Го намалуваат ризикот од рак на бели дробови – истражувањата покажале дека лицата кои консумираат најмногу бета-каротен имаат 40 отсто помал ризик да добијат рак на бели дробови, а морковите се еден од најдобрите извори на бета-каротен.
Ореви. Тие се веројатно најздрави меѓу јаткастите плодови. Одличен извор се на алфа-линоленска киселина (ALA), растителен облик на омега 3. Исто така, содржат аминокиселина 1-аргинин која е важна за здравјето на срцето. Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на ореви е поврзана со превентивно и лековито делување во случај на следните здравствени проблеми:
Придонесуваат за намалување на вкупниот холестерол, за намалување на „лошиот“ холестерол, а за зголемување на „добриот“.
Придонесуваат за намалување на крвниот притисок
Помагаат за ублажување на метаболичкиот синдром (претходник на дијабетесот и на срцевите заболувања)
За поправање на состојбата на крвните садови кај дијабетичарите.