Состојки:
1 англиски мафин или кружно лепче за сендвич, тостиран
30 г зрело сирење бри
50 г крцкаво пржена панцета
3 лажици загреан џем од портокал
путер
Приготвување:
1. Пржете ги парчињата панцета додека станат крцкави.
2. Стоплете го џемот во мал лонец.
3. Расечете го мафинот и така отворен тостирајте го.
4. Тенко исечете го сирењето.
5. Тостираниот мафин намачкајте го со малку путер.
6. Ставете парче сирење, панцета и одозгора посипете со малку топол џем.
Извор: Џени Морис