Како да испржите јајца со тврда белка и мека жолчка

0
1296

Во тефлонска тава со подебело дно сипете доволно масло за да се прекрие дното и ставете мало парченце путер. Загрејте го маслото на средна температура и штом парчето путер ќе се стопи и ќе почне да крчка, скршете едно свежо јајце и ставете го во тавата.

По една минута почнете да потуратe со лажичка од топлото масло врз јајцето, за да ја испржите и горната страна. За да добиете тврда белка и мека, делумно зготвена жолчка, доволно е да пржите 3-4 минути.

Ако сакате потврда жолчка, превртете го јајцето и од другата страна и пржете уште 3 минути.