Тортилји со авокадо и грав

0
312

Состојки:

2 лажици јаболков оцет

1 лажица маслоta

¼ лажичка сол

2 чаши рендана црвена зелка

1 среден морков, рендан

¼ чаша сечкан свеж кориандер

1 конзерва бел грав

1 зрело авокадо

½ чаша рендан кашкавал

Чили во прав

2 лажици сечкан црвен кромид

Тортилји

Приготвување:

  1. Измешајте оцет, масло, чили и сол во еден сад. Додадете ги зелката, морковот и кориандерот. Измешајте.
  2. Згмечете ги авокадото и гравот во друг сад и додадете ги ренданиот кашкавал и кромидот.
  3. На секоја тортилја ставете прво од смесата со грав и авокадо, а потоа и од другата смеса. Завиткајте и сервирајте.