Тортилја со зеленчук и сланина

Ако случајно останете без леб, а во фрижидерот имате само јајца, сланина и остатоци од зеленчукот што си го спремивте за ручек претходниот ден и, се разбира, тортилји, ова ви е најбрзата и највкусна комбинација за ручек

0
290

Состојки:

Тортилји

Модар домат

Лук

Пиперка

Јајца

Сланина

Оригано, сол

Приготвување:

  1. Изматете едно или две јајца, во зависност од тоа за колку луѓе подготвувате тортилји. Додадете малку сол и оригано.
  2. Премачкајте ги тортилјите со смесата и ставете на 1-2 минути да се запече. Потоа, доколку ви е зеленчукот веќе готов, односно, доколку како нам, ви останало од претходниот ден, ставете врз секоја тортилја по малку, додадете неколку парченца тенко сечена сланина и потпечете уште малку, односно, додека сланината не стане крцкава.
  3. Завиткајте ја тортилјата и послужете со Мексикана сос, доколку сакате малку луто или со било кој друг додаток.

Совет: Тортилјите можете да ги правите и со сирење или со било што друго што ви се наоѓа дома.